Оваа Политика на приватност објаснува како и зошто ПЦН Адвокатско Друштво Скопје обработува лични податоци за поединци опишани во оваа Политика.Треба да ја прочитате оваа Политика за приватност за да знаете како постапуваме со вашите лични податоци и како можете да ги остварите вашите права во врска со истите.
На чии податоци се применува оваа Политика на приватност
Оваа Политика на приватност се применува на нашата обработка на лични податоци на поединци кои:
– Ја посетуваат нашата интернет страница („Посетители на веб страната“);
– остваруваат контакт со нас преку електронска пошта или образец за контакт за да добијат правна поддршка или да ни се обратат со друго прашање или барање („Заинтересирани страни“);
– се веќе наши клиенти („Клиенти“);
– се идентификувани од нашите Клиенти во врска со услугите кои ние им ги даваме и за кои податоци ни даваат нашите Клиенти („Други страни“);
– се пријавуваат да станат наши приправници преку електронска пошта или образец за контакт („Апликанти за приправници“);
– се пријавуваат да станат наши вработени преку електронска пошта или образец за контакт („Апликанти за вработување“);
– посетители на нашите канцеларии („Посетители на канцеларијата“)
Посетители на веб страната
- За кои цели и по кој правен основ ги обработуваме личните податоци за вас
Податоци кои ги собираме за вас преку вашата посета на нашата веб страна се користат само за да ви ја обезбедиме нашата веб страна и содржините на истата. Повеќе информации за овие податоци се содржани во нашата Политика за колачиња.
Правен основ за обработка на вашите податоци во овој случај е вашата согласност за користење на колачињата на веб страната.
- Кои категории на лични податоци ги собираме за вас
При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци: интернет протокол (IP) адреса од која пристапувате на интернет страната и државата од која пристапувате (се одредува преку IP адресата; уредот од кој пристапувате, вид и модел; оперативниот систем на уредот од кој пристапувате; видот и верзијата на пребарувачот од кој пристапувате; јазикот на пребарувачот кој го користите страните кои ги посетувате на нашата веб страна и времето кое го минувате на секоја страна. Повеќе информации за овие податоци се содржани во нашата Политика за колачиња.
- Како ги собираме личните податоци
Вашите лични податоци ги собираме преку Вашето користење на нашата веб страна (колачиња).
- Категориите на корисници на личните податоци
Не споделуваме податоци за вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во случај по барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.
- Време на чување на собраните податоци
Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад. Повеќе информации за овие прашања се содржани во нашата Политика за колачиња.
Заинтересирани страни
- За кои цели и по кој правен основ ги обработуваме личните податоци за вас
Ние ги собираме и обработуваме лични податоци на Заинтересираните страни за цели на обезбедување професионални услуги и обезбедување информации за нас и нашиот опсег на услуги на нашите клиенти.
Правен основ за обработка на личните податоци на Заинтересираните страни е законска обврска на ПЦН Адвокатско Друштво (кога обработката на податоците е неопходна за усогласување со законска обврска како што е усогласување со исполнување на потребните услови за склучување договор за вработување), легитимниот интерес на ПЦН Адвокатско Друштво и/или согласност од страна на Заинтересираните страни.
- Кои категории на лични податоци ги собираме
ПЦН Адвокатско Друштво ги обработува личните податоци кои доброволно ќе ни ги доставите преку електронска пошта.
Со испраќање на ваква електронска порака до нашите електронски адреси прибираме податок за Вашата:
– е-маил адреса;
– дополнително и други информации кои Вие доброволно сте ги споделиле со нас како содржина на електронската порака.
- Како ги собираме личните податоци
Вашите лични податоци ги собираме лично преку вас и преку јавно достапни извори.
- Категориите на корисници на личните податоци
Активностите на обработка на лични податоци поврзани со услугите ПЦН Адвокатско Друштво ги обезбедува, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.
Не споделуваме податоци за Вас, на трети лица, освен во случај по барање на Агенција за заштита на лични податоци, на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.
- Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собира ПЦН Адвокатско Друштво се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени со рокови на чување на личните податоци на ПЦН Адвокатско Друштво.
Клиенти
- За кои цели и по кој правен основ ги обработуваме личните податоци за вас
Ние ги собираме и обработуваме личните податоци на Клиентите за следните цели:
– обезбедување професионални услуги;
– администрирање, управување и развој на нашите услуги;
– безбедност, квалитет и активности за управување со ризик;
– обезбедување информации за нас и нашиот опсег на услуги на нашите клиенти;
– усогласеност со кое било барање од закон, регулатива или професионално тело чиј член сме.
Правен основ за обработка на личните податоци на Клиентите:
– договорна законска основа
(кога обработката на личните податоци е неопходна за извршување на договор во кој субјектот на податоците е страна, како што е случајот, на пример, кога операциите за обработка се неопходни за давање услуга);
– законската обврска
(кога обработката на податоците е неопходна за усогласување со законска обврска како што е усогласување со даночните обврски или потребата од докази и документирање на обезбедените професионални услуги);
– легитимен интерес
(кога личните податоци се обработуваат за други цели наведени погоре);
– согласност
(кога ќе побараме согласност од страна на Клиентите).
- Кои категории на лични податоци ги собираме
Со оглед на разновидноста на услугите што ги обезбедуваме на клиенти, обработуваме поголем број на категории на лични податоци, вклучително и соодветно за услугите што ги обезбедуваме:
– Податоци за контакт;
– Податоци за деловни активности;
– Податоци за семејството;
– Податоци за приходи, даноци и други финансиски детали;
– Податоци за инвестиции и други финансиски интереси, итн.
За одредени услуги или активности, и кога тоа го бара со закон или со согласност на поединец, ние исто така може да собираме посебни категории на лични податоци.
Генерално, ние собираме лични податоци од нашите клиенти или од трето лице кое постапува според упатствата на соодветниот клиент.
- Како ги собираме личните податоци
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи: лично преку вас, преку Вашето користење на нашата веб странаи преку јавно достапни извори.
- Категориите на корисници на личните податоци
Пристап до вашите лични податоци имаат адвокати, приправници, како и други вработени во ПЦН Адвокатско Друштво задолжени, на пример, за водење на финансии, администрација и испраќање на пошта.
Пристап до вашите лични податоци може да добијат и надворешни приматели (како надлежни државни органи и судови, нотари) доколку е тоа нужно заради извршување на адвокатски услуги или тоа ни е наложено согласно закон.
- Време на чување на собраните податоци
Ние ги задржуваме личните податоци обработени од наша страна онолку долго колку што се смета дека е неопходно за целта за која се собрани (вклучително и како што се бара со важечкиот закон или регулатива).
Во отсуство на специфични законски, регулаторни или договорни барања, нашиот основен период на задржување за евиденција и други документарани докази создадени во врска со обезбедувањето на услуги не надминува 10 години.
Апликанти за приправници
- За кои цели и по кој правен основ ги обработуваме личните податоци за вас
Ние ги собираме и обработуваме личните податоци на Апликанти за приправници за цели на склучување договор за стручно волонтерско оспособување на адвокатски приправник и усогласување со важечката регулатива од областа на работните односи.
Правен основ за обработка на личните податоци на Апликанти за приправници е законска обврска на ПЦН Адвокатско Друштво (кога обработката на податоците е неопходна за склучување договор за стручно волонтерско оспособување на адвокатски приправник) и согласност од страна на Апликанти за приправници.
- Кои категории на лични податоци ги собираме
Ги обработуваме категориите на лични податоци кои се дел од професионлната биографија што ни ја доставувате Вие, вклучително и други информации кои ги споделувате усно со нас на интервјуто, вклучувајќи но не ограничувајќи се на:
– Име и презиме;
– Адреса на живеење;
– Податоци за контакт (телефонски број и електронска адреса);
– Датум на раѓање;
– Податоци за образование, квалификации и сертификати и други докази за истите.
- Како ги собираме личните податоци
Ги собираме личните податоци лично преку Вас, преку јавно достапни извори и/или преку вашиот предходен работодавач.
- Категориите на корисници на личните податоци
Пристап до вашите податоци имаат вработени во ПЦН Адвокатско Друштво кои се задолжени да постапуваат по апликации за ангажирање на приправници.
Не споделуваме податоци за Вас, на трети лица – корисници, освен во случај на барање на Агенција за заштита на лични податоци, суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законска основа за тоа.
- Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собира ПЦН Адвокатско Друштво се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени со рокови на чување на личните податоци на ПЦН Адвокатско Друштво.
Апликанти за вработување
- За кои цели и по кој правен основ ги обработуваме личните податоци за вас
Ние ги собираме и обработуваме личните податоци на Апликанти за вработување за цели на склучување договор за вработување и усогласување со важечката регулатива од областа на работните односи.
Правен основ за обработка на личните податоци на Апликанти за вработување е законска обврска на ПЦН Адвокатско Друштво (кога обработката на податоците е неопходна за склучување договор за вработување) и согласност од страна на Апликанти за вработување.
- Кои категории на лични податоци ги собираме
Ги обработуваме категориите на лични податоци кои се дел од професионлната биографија што ни ја доставувате Вие, вклучително и други информации кои ги споделувате усно со нас на интервјуто, вклучувајќи но не ограничувајќи се на:
– Име и презиме;
– Адреса на живеење;
– Податоци за контакт (телефонски број и електронска адреса);
– Датум на раѓање;
– Податоци за образование, квалификации и сертификати и други докази за истите;
- Како ги собираме личните податоци
Ги собираме личните податоци лично преку Вас, преку јавно достапни извори и/или преку вашиот предходен работодавач.
- Категориите на корисници на личните податоци
Пристап до вашите податоци имаат вработени во ПЦН Адвокатско Друштво кои се задолжени да постапуваат по апликации за вработување.
Не споделуваме податоци за Вас на трети лица, освен во случај на барање на Агенција за заштита на лични податоци, суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законска основа за тоа.
- Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собира ПЦН Адвокатско Друштво се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени со рокови на чување на личните податоци на ПЦН Адвокатско Друштво.
Посетители на канцеларијата
ПЦН Адвокатско Друштво презема безбедносни мерки во канцеларијата, вклучувајќи видео надзор и контроли за пристап до канцеларијата.
- За кои цели и по кој правен основ
Ние ги собираме и обработуваме личните податоци на Посетителите на канцеларијата за следните цели:
– заштита на сопственоста на ПЦН Адвокатско Друштво;
– заштита на животот и здравјето на Посетителите на канцеларијата и вработените во ПЦН Адвокатско Друштво; и
– обезбедување на контрола над влегувањето и излегувањето од канцеларијата на ПЦН Адвокатско Друштво.
Правен основ за обработка на личните податоци на Посетителите на канцеларијата е легитимниот интерес на ПЦН Адвокатско Друштво, односно обезбедување безбедност во нашата канцеларија.
- Кои категории на лични податоци ги собираме
Преку системот за вршење на видео надзорот се обработуваат следните категории на лични податоци: физички изглед на Посетителите на канцеларијата кои влегуваат и излегуваат од канцеларијата на ПЦН Адвокатско Друштво и физичкиот изглед на вработените лица кај ПЦН Адвокатско Друштво.
- Како ги собираме личните податоци
Ги собираме личните податоци преку систем за видео надзор за кој сте уредно известени со Известување за видео надзор истакнато на видливо место на влезот на канцеларијата на ПЦН Адвокатско Друштво.
- Категориите на корисници на личните податоци
Снимките од видео надзорот и записите за Посетителите на канцеларијата се безбедно зачувани, активностите на обработка на овие лични податоци се извршуваат од страна на вработените во ПЦН Адвокатско Друштво соодветно овластени за ова и се достапни само врз законска основа (на пр. да се разгледа инцидент).
Не споделуваме податоци за Вас, на трети лица, освен во случај по барање на Агенција за заштита на лични податоци, на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.
- Време на чување на собраните податоци
Снимките од видео надзорот ПЦН Адвокатско Друштво ги чува најмногу 30 дена (освен ако со друг законот не е предвиден подолг рок), а по истекот на овој рок истите се бришат.
Доколку е сторена штета и истата може да се утврди на снимките, тој дел од снимениот материјал ПЦН Адвокатско Друштво може да го чува до завршување на постапката.
- Пренос на лични податоци
ПЦН Адвокатско Друштво не ги пренесува вашите лични податоци на трети страни или во трети земји освен во случај под услови предвидени со важечката регулатива.
Во случај кога ПЦН Адвокатско Друштво пренесува лични податоци надвор од ЕУ во земја за која се смета дека обезбедува пониско ниво на заштита на личните податоци, ПЦН Адвокатско Друштво користи соодветни заштитни мерки за заштита на личните податоци и преносот се врши во согласност со стандардни договорни клаузули кои се донесени од страна на Агенцијата за заштита на личните податоци и се достапни тука.
Безбедност на обработката на лични податоци
ПЦН Адвокатско Друштво ги презема сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од неовластен пристап како и од нивна злоупотреба, користејќи редовни контроли и најнови технолошки механизми и достигнувања во оваа област.
Сепак, имајте предвид дека, во врска со какви било лични податоци што ни ги доставувате на интернет, не можеме да ја гарантираме безбедноста на податоците испратени до нас на овој начин. Преносот на податоци преку интернет е на ваш сопствен ризик.
Ние ја сфаќаме безбедноста на сите податоци што ги имаме многу сериозно и се придржуваме до меѓународно признатите безбедносни стандарди.
Имаме рамка на политики и процедури што ја покриваат заштитата на податоците, доверливоста и безбедноста и редовно ја разгледуваме соодветноста на мерките што ги применуваме за да ги чуваме безбедни личните податоци што ги имаме.
Кои се Вашите права?
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се уредени во Законот за заштита на лични податоци и вклучуваат
- право да бидете информирани за обработката на личните податоци
- право на пристап до личните податоци
- право на исправка и бришење на личните податоци
- право на ограничување на обработката на личните податоци
- право да не да бидете предмет на одлука заснована исклучиво на автоматизирана обработка
- право на приговор
- право на поднесување на барање до Агенцијата за заштита на личните податоци согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.
Онаму каде што обработката на вашите податоци се заснова на ваша согласност, имате право да ја повлечете вашата согласност во секое време, без да влијае тоа на законитоста на обработката заснована на согласноста пред нејзиното повлекување.
Можете да ги остварувате овие права под условите и ограничувањата предвидени во Законот за заштита на лични податоци и другите применливи закони.
Измени на Политиката на приватност
Политиката за приватност на ПЦН Адвокатско Друштво редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.