Правдата
е наше мото

Добар адвокат е оној на кој можете да му верувате.

За Нас

PCN Адвокатско друштво претставува модерно адвокатско друштво, кое нуди правни услуги од најразлични области од правото, трудејќи се секогаш да изнајде најдобро и најекономично правно решение за своите Клиенти. Основната цел на PCN е прагматично изнаоѓање на соодветно и брзо решение на правните предизвици со кои се соочуваат странките во нивното секојдневно деловно работење и секојдневниот живот, а сето тоа во целосна транспарентност и соработка со странките. На секој Клиент му се посветува особено внимание и му се обезбедува професионална правна помош и заштита. Како препознатлив дел од секојдневното работење на PCN Адвокатско друштво претставува експедитивноста , професионалоста и квалитетното извршување на сите правни задачи, во најдобар интерес на Клиентите.

Прашања за судски процес? Прашајте ги нашите експерти

Прашај експерт

Нашиот тим

Ljupco Subaric

љупчо шубариќ цветковски

партнер

Љупчо Шубариќ Цветковски е еден од партнерите во Адвокатското друштво Партнери – Цветковски и Никочевиќ. Тој е лиценциран адвокат и правен експерт со повеќе од 17 години искуство во правниот сектор во Република Северна Македонија, со успешно завршени проекти од различни домени на правната сфера. Тој е еден од најискусните адвокати во областите од работните односи, јавните набавки и корпоративното право, при што има учествувано на голем број на семинари, обуки и конференции за специјализираната материја. Вниманието на детали и желбата да постигне најдобри можни резултати за своите клиенти го прави навистина исклучителен адвокат, со исклучителни вештини во медијација и алтернативни начини за решавање спорови. Тој е исто така добро познат по неговата работа во предмети за преземање и спојување, енергетика, јавно приватно партнерство и осигурување.

ален никочевиќ

партнер

Ален Никочевиќ е еден од партнерите во Адвокатското друштво Партнери – Цветковски и Никочевиќ. Кaко лиценциран адвокат и правен експерт, има повеќе од 5 години искуство во нотарската правна област и 12 години искуство во правниот судски сектор во Република Северна Македонија. Работи во секторот за парница и на предмети поврзани со сите видови граѓански спорови, семејно право, парнични и стечајни постапки и е водечки адвокат во сите градежни проекти и проекти за недвижности. Во текот на својата правна пракса се специјализираше во доменот на имотно-правни спорови, кој усвојува прагматичен, стратешки и разумен пристап кон сите негови правни и судски спорови, во константна заедничка соработка со своите Клиенти.

Билјана Славковска

Адвокат-партнер

Билјана Славковска е адвокат во Адвокатско друштво Партнери-Цветковски и Никочевиќ. Како лиценциран адвокат и правен експерт од 2004 година работи во повеќе области од правото, и тоа во секторот – парница на предмети од сите видови граѓански и стопански спорови. Во својата долгогодишна адвокатска пракса се специјализирала за постапки од кривичното, стопанското, трудовото и семејното право, со посебен фокус на областа за заштита на жени и деца, жртви на родово базирано и семејно насилство. Како дел од нејзиниот долгогодишен професионален ангажман е правната поддршка и во здравствениот сектор, на повеќе јавни здравствени установи од терциерно ниво. Последната деценија, посебен фокус има во секторот за домување, како и унапредување на политиките и праксите во борбата против насилството врз жените и семејното насилство. Повеќе од 15 години активно учествува во невладиниот сектор како правна поддршка, а со тоа и била дел од голем број на работилници од различни области и тренинзи за професионален развој.

Области на работа